Сообраќајната полиција во Винковци, Хрватска, фатила тројца странски државјани кои возеле со брзина од 245, 242 и 236 километри на час на автопат.
При редовните проверки на брзината на возилата, полициските службеници во Винковци фатиле тројца странски државјани – од Германија, Словенија и БиХ, како прават прекршок.
На местото на настанот, возачите биле казнети со околу 740 евра и заштитна мерка забрана за употреба на странски возачки дозволи на територијата на Хрватска од по еден месец.