Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека ембаргото на оружје за Турција нема да биде доволно за да се стави крај на офанзивата во Сирија.
– Уште откако ја започнавме операцијата, се соочивме со закана од економски санкции или ембарго за оружје. Оние кои мислат дека ќе нè принудат да се откажеме, не се во право, рече Ердоган.
Турција во средата започна воена офанзива против курдските сили во североисточна Сирија затоа што ги смета за терористи.
Берлин и Париз вчера објавија дека прекинуваат со испораката на оружје за Турција, особено она оружје што може да се користи во офанзивата во Сирија.