Франција ќе се премисли само кога ќе стане јасно што може да добие за возврат, пишува весникот Политико, повикувајќи се на неименуван дипломатски извор.

Франиција беше единствената земја која беше против С. Македонија, цитира европското издание на Политико дипломатски извор од вчерашниот министерски состанок во Луксембург.

Друг дипломат го обвинува Париз дека се однесува како „да е веќе пост-Брегзит ситуација и како Франција да треба да ги донесе сите одлуки“.

– Според одредени дипломати, Франција ќе се премисли само кога ќе стане јасно што може да добие за возврат, пишува Политико.

Пишувањата за можни пазарење временски се поклопуваат со новата средба меѓу претседателот Емануел Макрон и канцеларката Ангела Меркел. Владите на Германија и на Франција денеска ќе одржат заедничка седница во Тулуз, а германскиот печат пишува дека е можно Меркел да ја искористи шансата за да изврши притисок врз Макрон да попушти за почеток на преговори.

Весникот Политико уште пишува дека многу дипломати на ЕУ се лути поради тоа што балканските земји не се наградени за нивната напорна работа.

– На пример, С. Македонија беше клучна во спречување на протокот на азиланти што минуваа низ Балканот за време на бегалската криза во 2015 година и успеа да постигне договор со Грција за промена на името, пишува весникот.