Еден од најголемите стадиони во историјата, „Маракана“ во Рио де Жанеиро, ќе биде домаќин на финалето на Копа Либертадорес во 2020 година.
Јужноамериканската фудбалска централа, КОНМЕБОЛ ја објави својата одлука денес, а самата средба ќе се одржи на 21 ноември следната година.
„Маракана“ беше еден од осумте кандидати за домаќин на настанот, заедно со уште петмина од Бразил. На истата средба, КОНМЕБОЛ објави дека последната средба на вториот по квалитет турнир во Копа Судамерикана на континентот ќе се одржи на стадионот „Марио Кемпес“ во аргентинскиот град Кордоба.
За прв пат годинава, финалето во јужноамериканскиот еквивалент на Лигата на шампионите ќе се одржи во еден натпревар наместо на два, како dosega. Првиот историски домаќин на финалето на Копа Либертадорес е „Естадио Национал“ во Сантијаго (Чиле), a средбата е закажана за 23 ноември.
Финалниот натпревар на турнирот во Копа Судамерикана помеѓу еквадорската сензација Индепендиенте дел Вале и Колон (Санта Фе, Аргентина) ќе се одигра на 9 ноември на стадионот „Нуела Ола“ во Парагвај.