Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, објави дека клубот има доволно ресурси за да купи нови играчи во зима.
Досега тимот не настапуваше многу добро од почетокот на сезоната и е едвај на 12. место во Премиер лигата. Во зима, „црвените ѓаволи“ се очекува да бидат доста активни на пазарот за да ја зајакнат својата постава.
Сепак, не е јасно дали Солскјер ќе ја задржи својата функција до тогаш.
– Јас имам договор за три години и ги планирам работите однапред. Кога губиме натпревар, не чекам за уверувања, туку продолжувам според планираното, а во него се вклучени идеи за нови засилувања. Верувам дека структурата во клубот е правилна затоа што секогаш менаџерот го има последниот збор. Знам дека луѓето зборуваат против нашите засилувања, но мислам дека тоа е навреда за нас, за нашиот трансфер тим и кон скаутите на клубот кои се одлични професионалци. Јас, Мик Фелан и мојот тим ги носиме одлуките што ги сакаме за играчите. Сепак, мора да видиме дали тие се на пазарот, а потоа започнуваат преговорите. Имаме пари за засилувања во јануари, како и за во лето. Ние ги правиме нашите планови и ги следиме нашите цели, но пред да се затвори пазарот, не беа достапни квалитетни фудбалери. Сепак, клубот има ресурси што му се потребни кога ќе се појави вистинскиот играч, рече Солскјер.