Порано ја напаѓаа дека се облекува премногу едноставно, па познатата дизајнерка сега отиде во друга крајност.
Таа претежно се појавуваше во еднобоен аутфит, а најчесто во црно од глава до пети, и токму оваа едноставност повремено и носеше бројни критики.
Се чини дека Викторија конечно решила да стори нешто околу тоа, па затоа почнала да додава бои и дезени на стајлингот. И тоа премногу бои и премногу дезени на едно место!
Откако се појави во тотална модна катастрофа, славната Британка реши да „остави впечаток“, а потоа се појави во беж комплет со големи коцки, со кој носеше црвена свилена блуза.
И, таа ќе успееше во својот план, ако не се реши да облече кратки чизми со леопард шара и жолта чанта!
Кога кралицата на модата прави такви грешки во облекувањето, сите се прашуваат – што се случи со нејзиниот стил и чувството за мода?