Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, на 11 август пристигнува во Битола, на платото на Офицерски дом, со почеток во 20:30 часот.
Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.
Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата.
Караванот започнува во недела (9 август) во Охрид, а потоа продолжува во Битола (11 август) и Велес (12 август). Во наредниот период ќе посети уште осум градови низ Македонија, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени.
Се гледаме на „Силно светнал ден“, за заедно, на емотивен и спектакуларен начин да го започнеме одбележувањето на 35 години независност, потенцираа организаторите.




