Колку и да не им верува на анкетите, резултатите од вонредните избори за градоначалник на општина Брвеница, му се одбија од глава на самобендисаниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, пишува во Курир во својата анализа.

Последната анкета на Маркет вижн објавена на само една недела пред одржувањето на изборите покажа сооднос 4:1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ, како и личен рејтинг на претседателот на владеачката партија Христијан Мицкоски од речиси 5:1 во однос на претседателот на СДСМ.

Филипче тврдеше дека анкетите на Маркет Вижн се платени од Владата, а разликата ни одлиску не е точна.

Резултатите од изборите покажаа дека анкетата не само што е точна, туку предвидува и уште полош тренд за СДСМ во споредба со ВМРО-ДПМНЕ во следниот период.

СДСМ загуби во сооднос 4:1 и што е полошо стана дури 4-та партија во полошката општина, грабејќи кон надолниот тренд почнат со катастрофата на парламентарните, преку историски најлошиот резултат на локалните избори. Изборите во Брвеница прецизно како лакмус му покажуваат на Филипче дека залудни се оспорувањата на анкетите, дека очајно изгледа оправдувањето за намалување на рејтингот на владеачката партија споредено со претходниот период, за да финишира со пораката „нема пазарење“ за вториот изборен круг. Замислете лидерот на СДСМ не апелира за поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радически, додека поразениот кандидат на Вреди уште вечерта му даде поддршка на кандидатот на Националната алијанса за интеграција.

Тоа е таа самобендисаност на Филипче која ја води партијата во пропаст. Тоа е тој Филипче.

Наместо да ја голтне суетата и да го поддржи Радичевски, да му пружи рака на својот политички опонент и им помогне на Македонците во општината да добијат локална самоуправа каква што заслужуваат, тој попрво би ја оставил општината на ДУИ (иако се оградува од поранешниот коалиционен партнер).

Навистина нелогично однесување за неврохирургот, залутан во политиката кој наместо смиреност покажува нервоза, наместо присебност покажува паника. За него продолжуваат да бидат виновни сите други, само тој не. За него поголема штета правеле поединци од партијата, па почна да ги менува као чорапи, но не самиот тој, самобендисаниот лидер.

Барајќи објаснување за таквото однесување на Филипче, кој вели – „Јас во принцип признавам само победа“, помош побаравме од вештачката интелегенција која неговите ставови и однесување ги спореди со суфиски параболи, кои зборуваат со поука за самоизмамата, гордоста и човекот што ја губи врската со реалноста.

Во продолжение една од нив – приказната за владетелот што секој пораз го прогласувал за победа:

„Во едно далечно царство живеел владетел кој постојано губел битки. Непријателот му освојувал градови, војската му се намалувала, а сојузниците го напуштале.

Но, секогаш кога ќе се врател во палатата, тој свикувал свечен собир.

— Победивме! — објавувал.

Кога ќе изгубел град, велел дека непријателот се заробил во градот и дека сега полесно ќе го опколи.

Кога ќе изгубел војска, тврдел дека ја жртвувал за поголема победа. Кога сојузниците ќе го напуштеле, велел дека се ослободил од неверните пријатели.

Еден ден, неговиот најстар советник му рекол:

— Господару, непријателот е пред портите. Што ќе правиме?

— Ќе победиме! — одговорил царот.

— А ако ги пробијат портите?

— Тогаш ќе им дозволиме да влезат во стапицата.

— А ако ја освојат и палатата?

Царот се замислил за миг, па рекол:

—Тогаш ќе им ја оставиме палатата. Вистинската победа е во нашите срца!

Советникот ја наведнал главата и рекол:

—Тогаш, господару, останува само едно прашање: ако ние постојано победуваме, зошто непријателот постојано напредува?

Царот го избркал советникот од палатата.

И останал сам, опкружен со луѓе кои му ја потврдувале секоја лага, сè додека еден ден немало кој да му каже дека царството веќе не постои.

Поука: Кога човек секој пораз го прогласува за победа, не ја менува реалноста — само ја губи способноста да ја препознае.

ПС: Секоја сличност со Венко Филипче не само што не е случајна, туку изгледа како неговиот катастрофален ПР тим лошо да ги протумачил советите од вештачката интелегенција, или земал погрешна терапија (апчиња).

Извор: Курир