Манастир Трескавец – Црква Св.Богородица

Северно од Марковите Кули под највисокиот врв наречен „Златоврв“, на едно мало плато меѓу огромните карпи, е расположен манастирскиот комплекс на манастирот Трескавец, со манастирската црква посветена на Св. Богородица.

Прекрасна е глетката од овој манастир кон Пелагониската рамнина, планините Бабуна, Пелистер и Кајмакчалан, и кон градовите Прилеп, Битола и Крушово.

Мана стирот Трескавец претставува сложен комплекс од градби во различни временски периоди.

Во еден фреско-натпис кој се наоѓа над влезната врата на црквата, се споменуваат византиските цареви Андроник втори (1282-1328) и нговиот собладар Михајло – деветти. Тоа се всушност првите дарители (донатори) во манастирот Трескавец. Подоцна во 14 век српскиот крал Милутин (1281-1321), царот Душан и неговиот син Урош, се споменуваат во повелбите што ги издал Душан како донатори на манастирот Трескавец.

Се смета дека манастирот е подигнат во 13 век, а е обновен во 14 век за време на кралот Милутин. Во тоа време кон западната страна на црквата била изградена припрата со две кули и со куполи, а во 19 век бил изграден затворен трем одс западната и јужната страна.

Во манастирскиот двор кон југозападната страна до денешни дни сочувани се остатоци од старата трпезарија од 14 век, со сочувани камени седишта и камена долга маса. Непосредно до трпезаријата била маѓерницата со сочувани камини и воските оџаци. Во трпезаријата се сочувани остатоци од фрески од 17 и 19 век.

Манастирот бил разурнат и запустен во првите години на 15 век, поради што дошле и подоцнежните обновувања.
Црквата во својата основа има облик на еднокорабна градба, чија внатрешност е расчленета со пиластри на неколку травеи. Централниот дел е надвишен со купола. Кон јужната страна на црквата бил изграден пирг со приземна капела, што може да се види од остатоците на западниот ѕид, а денес источен ѕид на денешниот јужен трем. Има остатроци на фрески со сочуваниот ктиторски портрет од втората половина на 14 век.

Кон северната страна на црквата бил подигнат параклис и врз основа на сочуваните фрески може да се датираат од 14 век.

Живописот во црквата е од разлиочни временски периоди. За најстари фрески се претпоставуива дека се фреските во двете кули. Во нив се насликасни светци во цел раст во првата зона, а во горните партии се насликани сцени од календарот. Овие фрески се смета дека се од првата половина на 14 век.

Фреската со ликот на Св. Богородица насликана во нишата на јужната врата што води кон наосот на црквата е од 1431 година.

Кон крајот на 15 век наосот на црквата бил испоолнет со фрески изработени од рака ан добар мајстор – зограф. Особено може да се потенцираат фреските од првата зона на фигурите во цел раст каде што се претставени светите воини кои врз себе носат благородничка облека и раскошни капи на главите, за разлика од вообичаеното нивно претставување со воена облека и вооружување.

Врз основа на зачуваниот натпис во олтарот се гледа дека во 80-тите години на 16 век олтарната апсида била живописана дод средставата на Стојан Хранчев кој се споемнува во текстот. Кон средината на 19 век (1849) крушевските зографи ја насликале слепата калота во западниот дел во наосот, како и западниот ѕид.

Манастирската црква покрај големото богатство на фрески од различни времиња, содржи и вредни уметнички предмети: двокрилна врата поставена на запапдниот влез на црквата, изработена во плитка резба во стилот на Слепченските врати и му припаѓа на 16 век. На истиот период му припаѓаат и царските двери од иконостасот, а Гиолемиот крст на космитисот е од 17 век исработен исто така во резба.

Внатрешниот амбиент на црквата е надополнет и со икони – дело на непознати иконописци кои работеле во 17 и 18 век.

Околу манастирската црква во 19 век биле подигнати убаво конаци на два ката со проширени чардаци, но тие во најново време се опожарени и денес повторно се реконструирани.

Од книгата „Македонски манастири“ од Димитар Ќорнаков, Скопје 2005 г. (Подготви Марко Китевски)