Косовската полиција не му дозволи влез во земјата на заменикот директор на српската Канцеларија за Косово Душан Козарев, затоа што претходно не добил дозвола и не ги информирал за посетата надлежните косовски институции, јави дописникот на МИА од Приштина.
Информацијата ја објави портпаролот на косовското Министерство за надворешни работи Јетлир Зиберај, кој вели дека Козарев е вратен единствено поради тоа што не ја испочитувач формалната процедура за посети на официјалните лица од едната држава во другата.
– На Козарев, заменикот на (Марко) Ѓуриќ, му е одбиен влезот во Косово од страна на полицијата бидејќи тој не ја запознал Владата на Косово за посетата и за целите на посетата. Доколку го стореше тоа, Владата на Косово ќе му дадеше дозвола. Следствено, ќе му го доделевме и потребното обезбедување. Српските функционери не можат да го посетуваат Косово без да го почитуваат договорот од Брисел, напиша Зиберај на својта страница на Фејсбук.