Голем број на тифози на римскиот фудбалски клуб Лацио, вечерва се во Глазгов, да го бодрат својот тим на гостувањето кај Селтик, но вниманието врз себе го привлекоа со нацистичките поздрави додека се шетаа низ најголемиот град во Шкотска.
Навивачите на римските „орли“ се знае дека се екстремно десничарски определени, па додека дефилираа низ Глазгов, пееја антикомунистички песни и поздравуваа со познатиот нацистички поздрав.
Меѓу песните кои се пееја беше и „Напред момци од Буда“, песна од 1966 година, испеана во чест на унгарските студенти и работници кои во 1956 кренаа револуција против сталинизмот, но таа револуција беше задушена од силите на војската на СССР.