По излегувањето на написот адвокатот на Ердоган поднесе тужба во Анкара за „навреда на шефот на државата“. Тужбата се однесува на директорот на весникот Етијен Жернал и уредникот на надворешната рубрика Ромен Жибер.
Жернел наведе дека весникот нема да повлече ниту еден збор, оценувајќи дека Ердоган има пробеми „со слободата на изразување“.
Во написот се споменува „етничко чистење“ на Курдите во Сирија и се наведува дека турските власти „соработуваат со Исламска држава и Ал Каеда, кои ги извршуваат валканите работи за Ердоган“.
Жернел потсети дека во мај 2018 година кога Ердоган во нивниот весник беше окарактеризиран како „диктатор“, новинарите на неделникот добија смртни закани.
-Ердоган затвори голем број новинари во Турција и мисли дека може своите импулси за цензура да ги применува и во земјите каде владее слободата на печатот, изјави директорот на неделникот и додаде дека Ердоган ќе биде разочаран, бидејќи редакцијата нема намера да попушти во било што од кажаното.
МИА