Дефанзивецот на Арсенал, Давид Луис, инсистира на тоа дека сите во клубот мора да веруваат во филозофијата на тимот и не повикаа драма по поразот од Шефилд Јунајтед, што е само втор за составот во Премиер лигата од почетокот на сезоната.
– Мораме да бидеме искрени и да кажеме дека работите тргнаа наопаку, но исто така мора да бидеме мирни. Ова е само наш втор пораз во сезоната. Ние правиме многу добри работи. Мислам дека мора да продолжиме да веруваме во нашата филозофија и исто така да веруваме во силата на нашиот тим, бидејќи ова е единствениот начин да се подобриме. Ќе видиме што ќе се случи во мај, а потоа ќе донесеме заклучоци, не сега, вели Бразилецот.