Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ 2026, ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република.

По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка, собраниската делегација, предводена од потпретседателот Милошоски, се упати кон Гумење, каде што положи свежо цвеќе и им оддаде почит на истакнатите борци и дејци од македонската историја.

Собрание на РМ

Свежо цвеќе беше положено на гробот на Питу Гули, пред споменикот на Партизанските гробишта, на гробот на Тоше Проески, пред Криптата на илинденските востаници и пред бистата на Веле Марков.

Во собраниската делегација учествуваа и координаторот на Пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Мицевски, пратеникот Петар Ристески и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Собрание на РМ

Со учеството во одбележувањето, делегацијата на Собранието им оддаде почит на Илинденците и на сите борци кои се вградиле во темелите на македонската државност.

Собрание на РМ