По три сезони емитувани пред македонската публика, серијата „Преспав“ ќе се прикажува и на бугарска национална телевизија БТВ.

– „Преспав“ е првиот ТВ хит од Македонија што ќе се емитува пред бројната бугарска публика. Навистина сум горд на овој успех и особено сум им благодарен на сите професионалци вклучени во реализацијата, како и на поддршката од МРТВ, изјави продуцентот на серијата Пеце Талески.

„Преспав“ ќе се емитува на БТВ Комеди секој ден од понеделник до петок во 17 часот, а за викенд ќе следуваат репризи.

Продукцијата ОхО информира дека во моментов се снима четвртата сезона од „Преспав“, а со новите 20 епизоди ќе биде одбележа јубилеј 100 епизоди „од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор“.

Емитувањето на четвртата сезона ќе почне од декември 2019 година на првиот канал на МРТВ, а епизодите ќе бидат достапни и на каналот на „Преспав“ на Јутјуб.