Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов на прес-конференција во пресрет на дуелот од Лигата на шампионите против Мешков Брест изјави дека мечот го очекуваат со многу проблеми и повредени играчи.
– Два тешки натпревари во Лигата на шампионите се зад нас и два тешки порази. Сега не чека Мешков Брест в недела, кој го чекаме со многу проблеми и повредени играчи. Не е познато до крај кој ќе настапи, но наше е да се бориме и секако да се обидеме да триумфираме, вели Стоилов.
Во недела од 17.00 часот македонскиот и европски шампион ќе го игра својот шести натпревар сезонава на домашен терен против Мешков Брест во СЦ „Јане Сандански“. Очекувањата се „црвено-црните“ да се изборат до четвртата победа сезонава во Лигата на шампионите.