Иран нема да попушти под притисок од својот долгогодишен непријател САД, изјави денеска врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.
Тој додаде дека преговорите со Вашингтон нема да ги решат проблемите на Техеран.
– Еден начин да се блокира влијанието на Америка е да се забранат какви било преговори со САД. Тоа значи дека Иран нема да попушти под притисок на САД, рече Хамнеи.
– Оние што веруваат дека преговорите со непријателот ќе ги решат нашите проблеми, 100 отсто грешат, додаде тој.