Чуварот на мрежата на белградска Црвена звезда, Милан Борјан, би можел во зимскиот преоден рок да го напушти српскиот првак и учесник во фудбалската Лига на шампиони.
Според српските медиуми, за канадскиот репрезентативен голман се интересирале повеќе клубови, а најконкретна понуда испратил еден клуб од арапските земји. Тие за Борјан нуделе два милиона евра.
Борјан неодамна го продолжи договорот со Звезда, и врзан е за „црвено-белите“ до јуни 2023 година. Овој 32-годишен голман во Звезда дојде во 2017 година, и е еден од најзаслужните за успесите на тимот во последните две години.