Телевизиската новинарка Антоанета Латуф раскажа како гледачка забележала потенцијално смртоносна циста на нејзиното грлото за време телевизиска емисија.

Латуф е мајка на две деца и новинарка за австралиската мрежа „Нетворк Тен“. По емисијата нејзиниот уредник и ја пренел пораката од загрижена жена, која сомневањето за малигна циста го испратила на официјалната страница на Фејсбук на шоуто.

„Дали Антоанета Латуф била на преглед за тироидната жлезда? Не се правам паметна и не тролам, само сум загрижена за тоа што го видов денеска на ТВ “, напиша Венди Мекои во приватна порака.

Венди признала дека не е лекар, но рекла дека испакнатоста ја потсетува на сличен случај со еден нејзин пријател.

„Бев загрижена и мислев дека треба да кажам нешто“, рече таа.

Антоанета Латуф призна дека прво се смеела на пораката, но потоа повторно ја гледала снимката од шоуто.

– Бев шокирана. Изгледаше како да имам Адамово јаболко. Нешто дефинитивно ѕиркаше од мојот врат, се сеќава таа.

Бидејќи има семејна историја на карцином на тироидната жлезда, Латуф одлучила да го посети својот лекар.

Три тестови на крв, ултразвук и СТ-скенирање подоцна откриле циста на која е потребна операција, како и автоимуна болест.

Цистата не е канцерогена, но доколку не се лекува, тоа може да влијае на нејзината способност да дише, голта и да зборува.

Новинарката и се заблагодари на гледачката.

„Венди, благодарам што доволно се грижите за да ме контактирате, на целосен странец и што ме убедивте да посетам лекар. Вашиот чин на љубезност веројатно ја спаси мојата кариера, изјави Латуф.