Добро утро, имаме еден проблем. Имаме една свиња овде што не брка од сабајле, со овие зборови грчки новинар го почна вклучувањето во живо во утринска емисија на телевизијата „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

Темата не беа животни, ниту свињи, туку новинарот се јави од областа Кинета, во западниот дел на регионот Атика, за да извести за вчерашните поплави. Меѓутоа, „непоканетиот гостин“, односно „гостинка“, со оглед на тоа дека новинарите од студио рекоа дека свињата е женка, не го остави репортерот да ги пренесе неговите информации.

-Извинете што не можам да застанам на едно место бидејќи ме гризе, рече новинарот додека со микрофонот, се обидуваше да и избега на свињата, која постојано трчаше по него.

Новинарот неколку пати се извини, а вклучувањето во живо по помлаку од една минута беше прекинато.

https://www.youtube.com/watch?v=eaoFDvRMm8w&feature=emb_logo