СДСМ е шампион во пласирање на лажни вести во јавноста, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ треба еднаш да научи лага пласирана 100 пати во јавноста не станува вистина. СДСМ освен што го краде народот друго ништо не прави. Производството на струја со доаѓањето на власта на СДСМ согласно извештаите на Регулаторната комисија за енергетика постојано се намалува, споредено со периодот пред нив. Па така АД ЕЛЕМ произвел:
-во 2013-та година 5 113 GWh
-во 2014-та година 4 741 GWh
-во 2015-та година 4 471 GWh
-во 2016-та година 4 382 GWh
-во 2017-та година 4 228 GWh
-во 2018-та година 4 273 GWh
– а во 2019-та година заклучно со IX месец имаа произведено околу 3.240 GWh, и веројатно производството ќе биде помало од претходната година.
Крајот на СДСМ и Заев се ближи, се вели во соопштението, на 12-ти април ќе се стави крај на оваа криминогена влада и ќе започне обнова на Република Македонија.