Во знак на протест поради посетата на претседателот Доналд Трамп, неколку десетици илјади луѓе организираа протестен марш во Лондон. Над поворката лебдеше веќе добро познатиот балон од бебето Трамп.
Станува збор за огромен балон кој го претставува Трамп како големо портокалово бебе кое плаче, а целиот настан за подигнување на балон беше емитуван во живо на социјални мрежи, но и во медиумите.
Балонот е во облик на бебе во пелени, со зачешлана коса и мобилен телефон во раката на кој е отворена апликацијата Твитер. Според најавите, балонот ќе биде пуштен над Вестминстерската палата, каде што се одржува централниот протест поради политиките на Трамп за имиграцијата, расните односи, жените и климатските промени.
Организаторите на протестот велат дека за денес се најавени протести во околу 50 градови низ Обединетото Кралство.