Денеска во Истанбул Република Турција се оствари средба помеѓу министерот за надворешни на Турција Мевлут Чавушоглу и делегација од ВМРО-ДПМНЕ во состав потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски и генералниот секретар Игор Јанушев.
На средбата се разговарало за односите и соработката на АК партијата од Турција и ВМРО-ДПМНЕ како две партии со десничарска ориентација.
На средбата станало збор и за односите меѓу Македонија и Турција. Се констатирало дека односите се добри но е потребно подобрување особено во делот на економската соработка и инвестициите. ВМРО-ДПМНЕ планира по победата на изборите да работи силно на привлекување инвеститори.