“На збор е супер, а во реалност нема ништо” е големата реалност која еден наш сограѓанин ја кажа пред скопскиот градоначалник, на што доби одговор “да не ме гласаш никад”. Ова е реалноста во Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Власта надмено над народот. Ова е истата власт на Заев која велеше дека блескаме, а во реалноста блескаме по порази, сиромаштија и криминал. Но народот не може да го потплатат ниту излажат. Добро знаат граѓаните дека Заев е виновен, а одговорот на граѓаните стига на 12 април. Убеден сум дека оваа реченица на градоначалникот од власта ќе ја запамети секој еден граѓанин, пишува Мицкокси на Фејсбук.