Градоначалникот на француската општина Грел, Изабел Ѓужел издаде налог со кој им се забранува на жителите да умираат дома за време на викендите и празниците, објавено е на сајтот на општината.

Наредбата е со цел да се сврти вниманието на недостигот на лекари во општината.

– Зад провокативниот указ, со кој се забранува умирање дома за време на викенди и празници, стои големата несреќа за многу жители поради состојбата во здравството, наведува градоначалникот.

Ѓужел објаснува дека проблемот е поврзан со голем недостиг на специјалисти и има потреба од итно решение.

Телевизијата CNews објави дека градоначалникот донел таква одлука откако минатата недела побарал специјалист, кој ќе ја потврди смртта на еден од жителите на општината, бидејќи лекарот не бил на должност, а амбулатното возило било испратено во друга општина, каде нема специјалисти. Тие успеале да најдат лекар дури во соседната област, но, според телевизијата, градоначалникот одлучил да издаде соодветна наредба за да го сврти вниманието кон проблемот.