Владо ЈОВАНОВСКИ

Додека ние лаеме, кој кого и за колку сакал да го е**, отиде карванот…!

Да се разбереме, кога велам карванот, не мислам на Европа.

Таа одамна е замината од овде…
( Кадмо, Европа…)

Туку мислам на карванот, кој го пренесува или премостува, македонското цивилизациско наследство.

На тој карван мислам.

Тој карван, замина!

Тоа цивилизациско наследство, талка низ пустината,
натоварено на камили,
бројот не им се знае..

Камили, нагр’бачени со наследство!

Тежок товар, скапоцен!

Бесценетото, талка низ пустината.

Обезводачено,

без бедуини!

Знам, некогаш и некаде ќе стигне, тоа, несогорливото,

сигурен сум.

Можеби некој друг Македонец, пак ќе му се јави на апостол Павле и ќе му рече…

Дојди во Македонија и пак помогни ни’, спаси не’!

Оној библискиот македонец кој му се јавил во сон на Апостолот, не бил граѓанин на Р. Северна Македонија со коса ц’рта /…

Ниту пак е важно на која раса припаѓал …
(за народи, нации, култури и идентитети не зборувам).

Македонизмот е надземен…!

А многумина за него горат, гинат и гнијат на земјава.

Нејсе…

А тоа дека карванот ќе стигне на вистинско место во вистинско време, без бедуини или со вакви,
во тоа не се сомневам.

Всушност, муабетот не ми беше за бедуините и за камилите.

Туку за наследството и за товарот.

Ако не сме достојни, како генерација, за тоа македонско цивилизациско наследство,
Тоа истото, ќе си најде друг стопан.

Ама ако, има и нешто убаво во тоа…

Додека ние Македонците се одмакедончуваме,

Немакедонците почнаа да се помакедончуваат.

Македонија била, е’ и ќе биде!

Да живее Македонија!