Без голови заврши вечерашното Ел класико. Барселона и Реал одиграа без голови со вкупно седум жолти картони.
Барселона играше мошне слабо во првото полувреме, нешто подобро во второто, но тоа не беше доволно да постигне гол и победа.
Наспроти тоа, Реал имаше најмалку пет-шест изгледни шанси за гол, но не искористи ниту една.
Во првото полувреме, играч на Реал играше со рака во шеснаесетникот, но судијата, по проверка преку ВАР системот не досуди пенал. Во второто полувреме, ВАР беше искористен уште еднаш, по што беше поништен гол за Реал.
Двете екипи остануваат на првите две места на табелата со ист број бодови и иако трката за титулата очигледно ќе бдие неизвесна, се чини дека оваа сезона и двете екипи носат помал квалитет.