Шпанецот Рафаел Надал беше подобар од Гркот Стефанос Циципас со 6-7, 7-5, 7-6, во финалето на егзибицискиот тениски турнир во Абу Даби.
Мечот траеше 3 часа и 15 минути, се водеше голема борба од двајцата, иако ова е турнир кој не носи поени за АТП листата.
Надал кој е лидер на светската ранг-листа, по шести пат во седумте меѓусебни дуели го победи Циципас, а ова му беше петта титула во Абу Даби. Третото место на турнирот му припадна на Новак Ѓоковиќ кој во дуел на поразените полуфиналисти го победи Карен Хачанов.