Машката кадетска репрезентација на Македонија со убедлива победа го започна настапот на ЕП од Б-дивизијата, кое се одржува во Гевгелија и Скопје.
Избраниците на селекторот Дејан Стојановски ја совладаа селекцијата на Кипар со 82-63 и на најдобар можен начин го отворија шампионатот.
Најефикасен беше Дион Шабани, кој одигра извонреден натпревар и запиша дабл-дабл учинок од 37 поени и 10 скока. Одлична поддршка доби од Александар Зунзуровски, кој постигна 23 поени, четири скока и две асистенции, додека Анѓеловски натпреварот го заврши со осум поени, седум скока и дури десет асистенции.
Македонската репрезентација веќе утре ја очекува нов предизвик. Во рамките на второто коло од Б-дивизијата, нашите кадети од 18:30 часот во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија ќе се сретнат со селекцијата на Исланд




