Мечка загинала откако во неа удрило патничко возило на автопатот Скопје–Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 23 октомври 2026 година, околу 22:15 часот, во СВР Скопје.
Во мечката удрило патничко возило „Волво“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Џ.Д. од Гостивар.
Ветеринар од Зоолошката градина во Скопје излегол на местото и констатирал смрт кај животното.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Фото: Архива




