Сакав да бидам човек, да покажеме дека сите ние ја сакаме својата земја и националниот тим, колку ние сме горди на нив и колку тоа беше момент за Хрватска. Вака Колинда Грабар Китаровиќ го искоментира своето еуфорично расположение на стадионот во Москва.
– Не можев да издржам да не дојдам, беше тоа долга ноќ. Утрото не можев да спијам од возбуда, измешани чувства на гордост и радост, а и малку тага што не победивме, бидејќи многу бевме подобри. Тоа сите ни го признаваат и претседателот Макрон. Недостасуваше малку среќа. Многу сум задоволна што целиот свет не доживува дури како морални победници, но победници кои ги освоија срцата, рече хрватската претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ, на плоштадот Бан Јелачиќ во интервју за РТЛ.
Претседателката вели дека ја понела атмосферата во неделата на стадионот во Москва, и не сакала да се воздржи.