Актерката Деми Мур неочекувано се појави на комичната вечер посветена на исмевање на нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис.

Мур се забавуваше шегувајќи се на сметка на Вилис, неговата филмска кариера и секако, нивниот брак.


Говорејќи за бракот со Вилис, Мур рече дека бил како во филмот „Шесто сетило“ – „цело време мртов“.

– Бев омажена со Брус додека ги снимаше првите три дела од „Умри машки“. Затоа следните два му беа за никаде, рече Мур.

-А пак, кога нашата ќерка која се уште беше бебе, ноќе требаше да се преслече, тој ќе ми шепнеше – ќе ти дадам илјада долари ако ја смениш пеленава, продолжи актерката.

Мур не издржа да не го вклучи и продуцентот Харви Вајнстин, обвинет дека принудувал актерки на секс за да им даде улога во неговите филмови, во приказната.

– Брус, како акциона ѕвезда, имаше мали шанси за улога во среднобуџетниот филм „Евтини приказни“, но една вечер отиде кај Харви, се врати дома и ми рече – „ја добив улогата“, рече Мур.