Денеска е потврдена и третата жртва од разорните пожари кои оваа недела го зафатија југоисточниот брег на Австралија, а едно лице се води како исчезнато.
Вкупно 12 луѓе, меѓу кои и тројца пожарникари доброволци, досега загинаа во пожарите кои со месеци горат низ Австралија.
Проследени со вискоки температури, огнот и чадот претходните два дена примораа илјадници жители и туристи од крајбрежните градови засолниште да побараат на плажите.
Австралија денеска распореди воени бродови и авиони за да им помогне на заедниците опустошени од пожарите кои уништија куќи и раселија илјадници жители.