Зоран Заев, денеска поднесе оставка отворајќи можност новиот привремен кабинет да организира предвремени избори, објави „Вашингтон Пост“.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, весникот наведува дека македонските пратеници ја прифатија оставката без многу дебата, пред да гласаат за изборот на техничка Влада која ќе ги организира изборите закажани за 12 април.

– Заев побара предвремени избори изразувајќи разочараност и гнев по одлуката на ЕУ лани да не започне преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, истакнува весникот.

Вашингтонскиот весник наведува дека според договорот со главните политички партии во земјата, актуелниот министер за надворешни работи, Оливер Спасовски, е именуван на позицијата премиер на привремената Влада.

Социјалдемократската партија на Заев ја освои власта во 2017 година. Во меѓувреме, неговата Влада го реши грчко-македонскиот спор за името на Македонија. Откако Атина и Скопје го потпишаа Преспанскиот договор официјалното име на земјата стана Северна Македонија, а земјата не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ. Франција, подржана од Холандија и Данска, го блокираа приемот на нови земји во Унијата, барајќи реформи на процедурата за зачленување, пишува „Вашингтон пост“.