Времето во Македонија ќе биде претпладне сончево, а попладне облачноста постепено ќе се зголемува.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус три до нула, а дневната температура ќе се движи од седум до 14 степени.
Во Скопје претпладне сончево, а попладне облачноста постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе достигне до минус пет, а дневната температура до осум степени.
Под влијание на студена воздушна маса во недела времето ќе биде облачно со засилен северен ветер и повремени врнежи со слаб, а на места умерен интензитет и ќе бидат претежно од снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и студено, со умерен, а во понеделник засилен северен ветер.