Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс Раџон Рондо забележа пет асистенции ноќеска на натпреварот со Њу Орлеанс (123:113) и направи прогрес на вечната листа на додавања по кои е постигнат кош.

Рондо сега е 17-ти во историјата на лигата, надминувајќи го резултатот на Тим Хардавеј (7.095). Следна цел на Рондо е Расел Вестбрук од Хјустон кој има 7.114.

На прво место во оваа статистичка категорија е Џон Стоктон со 15.086 асистенции.

Во просек, Рондо има 8,5 додавања по натпревар.

Претходно, Рондо играше за Бостон, Далас, Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс.