Борци од сомалиската исламистичка група Ал Шабаб денеска нападнаа воена база во Кенија што ја користат локални и американски војници.

– Беше извршен напад, но тој беше одбиен, изјави портпаролот на локалната власт.

Нападот беше извршен врз базата Камп Симба, лоцирана во областа Ламу во близина на кениската граница со Сомалија. Од Ал Шабаб тврдат дека била нападната базата и дека во нападот „е уништена воената опрема на американските сили“.