Иранските воздушни одбранбени сили можеле да го соборат украинскиот патнички авион кој во средата се урна во близина на Техеран, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Важно е да ги утврдиме сите факти. Го повикав Иран целосно да учествува и да придонесе за транспарентна и темелна истрага. Немаме причина да не веруваме во извештаите на другите членки на НАТО што ги видовме и во кои се наведува дека авионот можел да го собори иранскиот систем за противвоздушна одбрана, рече Столтенберг.

Тој додаде дека поради тоа е потребна темелна истрага, за да се утврдат фактите.

– Поради тоа е неопходно во целост да соработуваме со иранската страна, истакна тој.

Украински патнички авион со 176 патници во средата се урна кусо време по полетувањето од аеродромот во Техеран.