Американската тенисерка Серена Вилијамс ја победи 18-годишната сонародничка Аманда Анисимова со 6:1, 6:1 и се квалификуваше за финалето на турнирот во Оукленд.

Ветеранката не направи ниту една двојна грешка, забележа пет асови и пет брејка и ниту еднаш не згреши при свој сервис. Натпреварот заврши за само 43 минути. Тоа беше прва средба меѓу двајцата тенисерки.

Во финалето на турнирот, Серена ќе игра со друга Американка, Џесика Пегула, која е на 82. место во светот.

Во другото полуфинале таа ја победи Данката Каролина Возњацки со 3-6, 6-4, 6-0.

Финалниот натпревар на турнирот ќе се одигра в недела. Наградниот фонд е 275.000 долари.