За 10 години земјите од Западен Балкан ќе бидат во Европската Унија, сметаат најголем дел до Бугарите. Тоа го покажува истражувањето направено по барање на бугарскиот весник 24 часа. Бугарските граѓани сметаат дека од членството на државите од Западен Балкан во Унијата, полза ќе има и нивната држава.
Според истражувањето, најсилна поткрепа за членство во ЕУ, Бугарите и даваат на Македонија (70 отсто) и на Србија (67 отсто), додека најмалку на Албанија (45 отсто) и на Косово (42 отсто). Сепак, процентот на оние кои не им даваат поддршка на Албанија и Косово е помал од процентот на тие кои го поддржуваат нивното членство во ЕУ.
Обајснувањето за поддршката на Македонија и Србија е дека со двете држави, односни нивните народи, Бугарите имаат најголема културна и религиозна блискост.