Компаниите во Грција мора да дејствуваат итно доколку сакаат да го заштитат својот производ на кој стои „македонски“ или „Македонија“. До сега немало ниту една фирма која регистрирала производ под таков бренд во Организацијата за светска интелеткуална соптвеност (ВИПО) во Женева, алармираше денес Атанасиос Савакис, претседател на Здружението на индустриите од северна Грција.

Тој, како што пренесуваат грчките медиуми, истакнал дека 4.000 фирми го користат терминот „македонски“ за своите производи или за компаниите, но само малкумина како такви се регистрирале пред ВИПО.

-Фирмите мора да дејствуваат брзо – рече Савакис.

Како што забележал извршниот директор на Здружението, Јанис Ставру, за фирмите постојат два пата за регистрација – или преку канцеларијата на ЕУИПО во Аликанте, во Шпанија, за активности во рамки на Унијата, или во ВИПО во Женава за тргување со светот. Првата операција чини 2.000 евра, додека втората 8.000.

Савакис инфомираше дека грчките компании не се анагќирале за прашањето, па така од Женева стигнала информација дека до сега не пристигнала ниту една апликација од Грција за заштита на името, додека од Македонја стигнале две барања.

Во канцеларијат во Аликанте, пак, имало доспеани 24 барања од грчки компании кои се ргистрирано под името „Македонија“.