САД и Кина почнаа да ја разгледуваат „втората фаза“ од трговскиот договор, изјави изјави за американските медиуми потпретседателот на САД, Мајк Пенс, непосредно откако двете земји ја потпишаа првата фаза од договорот.

-Веќе почнавме со дискусии за втората фаза од договорот, рече Пенс, без да открие никакви детали.

„Како што денеска кажав, американскиот народ може да биде уверен дека претседателот Трамп, по завршувањето на првата фаза од договорот решително ќе  продолжи да ги брани работните места во нашата земја, додека продолжуваат преговорите што се насочени кон воспостваување долгорочни слободни, праведни и взаемно погодни трговски односи со Кина”, кажа американскиот потпретседател.

Церемонијата на потпишување на првата фаза од трговскиот договор со Кина се одржа на 15 јануари во Вашингтон. Документот го потпишаа претседателот Доналд Трамп и вицепремиерот на кинескиот Државен совет Ли Хе.