Кристијано Роналдо, творецот на победата (2:1) на Јувентус на синоќешниот дуел со Парма, е првиот играч на „Старата дама“ од 2005 година наваму, кој постигнал гол на седум натпревари во низа.
За 34-годишниот Португалец, првиот од двата гола против Парма беше 10-ти на последните седум средби во италијанскиот шампионат.
Пред Роналдо, со реализација на седум средби по ред се истакна Давид Трезеге.
Вкупно досега, Роналдо има постигнато 15 голови во првенството и е на второто место на списокот на стрелци зад напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле кој има дадено 23 гола.