Овој начин на лечење, со инженеринг на белите крвни зрнца, кој го нарекуваме имунотерапија, до сега беше ограничен поради тешкотиите за создавање вируси, кои би го носеле генетскиот материјал, и потребното време за нивно создавање.

Но, сега научниците велат дека пронашле начин, користејќи електрични полиња, а не вируси, за да уфрлат „алатки“ со кои се менуваат гените и се создава нов генетски материјал во клетките.

Првпат научниците пронајдоа начин ефикасно и прецизно да ги отстранат гените од белите крвни зрнца на нашиот имун систем и да вметнат успешна замена и тоа во многу пократок рок, отколку што вообичаено е потребно за промена на гените.

Ако оваа техника може да се повтори во други лаборатории, тоа може да отвори различни опции за лекување на низа болести, вклучувајќи рак, инфекции, како што е ХИВ, и автоимуни состојби, како лупус и ревматоиден артритис.

Новата студија, објавена во списанието „Нејчр“, претставува „голем напредок”, смета д-р Џон Верди, директор на Институтот за имунологија на Универзитетот во Пенсилванија, кој не учествувал во студијата.

Но, бидејќи оваа техника е целосно нова, ниту еден пациент досега не бил третиран со бели крвни клетки, кои на тој начин биле изменети.

– Ќе имаме доказ кога оваа технологија ќе се користи за да се развие нов метод на лекување, вели д-р Марсела Мус, директорка за клеточна имунотерапија во општа болница во Масачусетс.

Тоа можеби и не е толку далеку. Истражувачите веќе го користеа овој метод во лабораторија за да ги модифицираат абнормалните имунолошки клетки кај деца со ретки генетски проблеми. Тие планираат така да ги вратат репрограмираните клетки на децата, во обидот трајно да ги излечат.

Во моментов, научниците кои се обидуваат да го модификуваат геномот, честопати мораат да се потпрат на модифицираните вируси, за да „отворат” ДНК клетки и да вметнат нови гени во неа. Методот е долготраен и тежок и многу ограничувачки кога станува збор за примената.

И покрај недостатоците, методот со вирусот имаше одреден успех. Пациенти со неколку ретки карциноми на крвта можат да се третираат со бели крвни клетки – Т-клетки на имуниот систем – кои директно влегуваат во туморите и ги убиваат.

Овој метод на лекување, со инженеринг на бели крвни зрнца, кој го нарекуваме имунотерапија, досега беше ограничен поради тешкотијата за создавање на вируси, кои би го носеле генетскиот материјал, како и времето потребно за нивното формирање. Но, сега научниците тврдат дека пронашле начин, со користење на електрични полиња, а не вируси, за да ги уфрлат „алатките”, со кои се менуваат гените и новиот генетски материјал во клетките. Со забрзување на овој процес, во теорија, лекувањето може да биде достапно за пациентите со речиси каков било тип на рак.

– Тоа што траеше со месеци или дури и една година сега може да потрае неколку недели со користење на оваа нова технологија, вели Фред Рамсдел, потпретседател за истражувања на Институтот за имунотерапија на ракот „Паркер“ од Сан Франциско. – Ако сте пациент со рак, неделите наспроти месеците може да направат голема разлика. Мислам дека тоа ќе биде голем пресврт, додава тој.

Институтот „Паркер“ веќе работи со авторите на новата студија, кои ги предводи д-р Александрер Марсон, научен директор за биомедицина на Институтот за иновативна генетиката, кој е формирана во партнерство на Универзитетот на Калифорнија од Сан Франциско и Беркли, на создавање клетки кои лечат различни видови рак.

Во новата студија, д-р Марсон и неговите колеги ги менуваа Т-клетките за да ги препознаат клетките на човечкиот меланом. Кај глувците кои носеле човечки клетки на ракот, модифицираните Т-клетки го напаѓале директно ракот.

Истражувачите, исто така, успеале во лабораториски услови да ги „измамат“ Т-клетките на три деца со ретка мутација, која предизвикала автоимуна болест. Планот е на тој начин изменетите клетки да се вратат кај децата, каде што треба да функционираат нормално и да ги потиснат неисправните имунолошки клетки и така да се излечат децата.

Според д-р Вери, оваа техника ветува и лекување на ХИВ. ХИВ вирусот ги инфицира Т-клетките. Ако тие можат да бидат променети така што вирусот не може да влезе во Т-клетките, лицето заразено со ХИВ сигурно нема да развие СИДА. Оние инфицирани Т-клетки ќе исчезнат, а оние кои се вметнати и модифицирани ќе ги заменат.

Претходното истражување покажа дека е можно да се лечи ХИВ на овој начин. – Сега навистина постои ефикасна стратегија за тоа, вели д-р Вери.

Таа идеја за модифицирани клетки без користење на вирус не е нова, но имуните клетки се кревки и многу е тешко да ги одржите во живот во лабораторија, така што секогаш е тешко да се вметнат гени во нив.

Научниците обично вметнувале модифицирани гени во Т-клетките со помош на вирус кој бил безопасен, за да не предизвика други болести и кој би можел да вметне нови гени во клетките. Но, кога овие вируси вметнуваа гени во клеточната ДНК, тие тоа би го сториле случајно, со уништување на други гени.

– Ни требаше нешто насочено, нешто брзо и нешто ефикасно. Што ако само можеме да уфрлиме делче од ДНК и ги избегнеме вирусите?,вели д-р Марсон.

Идејата е еден вид „ножици“, наречени „криспер“, да се уфрлат во клетките, кои лесно ќе ја отворат ДНК-та каде што научниците сакаат точно да го вметнат генот. Тоа би ги избегнало проблемите, кои се предизвикуваат со уфрлање на вируси, кои се вметнуваат во гените сосема случајно.