АНДОНОВСКИ: Во која програма на СДСМ пишуваше дека ќе го сменат името?

/ 13.02.2020

Стефан Андоновски, советник за меѓународна политика на, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за ситуацијата со министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи поврзана со таблата која се наоѓала во позадина на нејзина прес конференција каде посочи дека ова го прави СДСМ затоа што им е страв дека таа започна со откривање на скандали и злоупотреби во функционирањето на МТСП

-Не очекуваме дека ќе се случи разрешување на Мизрахи. Очевиден е стравот дека министерката започна со откривање на бројни скандали, злоупотреби во функционирањето на МТСП. Да спомнам вчера или завчера на прес конференција Мизрахи објави дека економско-социјалниот совет не функционирал и не носел одлуки на начин со кој тоа со закон и правилник е утврдено. Прави посети во сите населени места, градови, социјални центри и забележува дека работите не функционираат како што треба и ова е обид на владеачката структура предводена во моментот од техничкиот премиер да ја префрли топката на страната на министерката и со едни смешни обвинувања и му предлага на Собранието да ја разреши. Очевиден е стравот зошто наместо да се зафатат со реални прашања, проблеми да видиме кога разговарал Зоран Заев со Боки 13 , што му кажал, колку бил вмешан, зошто не пријавил кај Вилма Русковска навреме, ние ќе се занимаваме сега со таблата која што во одредени министерства ја има, а некаде нема табли, истакна Анодоновски.

Андоновски во врска со барањето на СДСМ за разрешување на Мизрхи посочи дека тоа не е паметно од нивна страна затоа што ќе ја втурнат државата во една сериозна политичка криза.

-На граѓаните им е преку глава од ваков тип на кризи и тие очекуваат една стабилна мирна иднина и ова само прави една дополнителна тензија во општеството кое немам никаква полза, додаде Андоновски.

Според него, никаде во програмата на СДСМ 2016-та година нема став дека името на Македонија ќе се промени. Никаде не пишуваше дека СДСМ ќе го злоупотреби и фалсификува идентитетот македонски, напротив Заев константно во сите можни обраќања се колнеше во жицата, дедовината и татковината дека никој жив нема да го смени името на Македонија. Но набргу по тоа Заев го промени името на државата.

Драги Рашковски, генерален секретар во Владата во моментов и висок функционер на СДСМ, јас не знам како не се срамат од него и во Коалицијата со ДУИ, и меѓународните партнери, кој вели на едно негово обраќање пред неколку години – „НАТО како организација им помагале на терористите во 2001 година, дислоцирајќи ги и криејќи ги од македонските безбедносни сили“. И продолжува дека НАТО ги збогатувало македонските езера со радиоактивни материјали итн. А, тезата и обраќањето му се вика „Четири причини зошто не теба да бидеме дел од НАТО“. Првата е затоа што НАТО не сака, втората е зашто финансиски не сме можеле да го издржиме членството, третото доколку НАТО ни е потребен недај боже да не брани, тоа му е ставот. И четвртото за да го задржиме моралот, потсети Андоновски.
Андоновски образложи дека во оваа ситуација СДСМ покажува тотална неприципиелност во постапувањето кон стратешките приоритети на земјата. Ако имаат вакви членови во Влада, ако имаат вакви високи функционери, ако имаат став дека нема да го менуваат името па ќе го менуваат името, може да замилите каде е дволичноста.


Од истата категорија