Епископија на Римокатоличката црква во Швајцарија бара нов егзорцист, кој ќе ги ослободува верниците од демони и поседување.
Градот Хур се уште важи за центар на егзорцизмот во Швајцарија и општо во подрачјата на Швајцарија каде се говори германски јазик.
По смртта на епископскиот викар Кристоф Касети, еден од најпознатите егзорцисти во Швајцарија, епископијата е во потрага по нов истерувач на ѓаволи.
Според извештајот на швајцарската телевизија СФР, истерувањето на ѓаволи во Швајцарија е се почесто и црквата годишно спроведува околу 1.300 егзорцизми.
Поради егзорцизмот, епископијата Хур е често мета на критики и католичкиот теолог Маркус Арнолд е загрижен за зголемениот број на егзорцизми во Швајцарија.
Епископијата во Хур истакна дека егзорцизмот е дел од задачите на еден епископ.