Американскиот амбасадор во Германија и специјален пратеник на претседателот на САД за Србија и Косово, Ричард Гренел, ќе остане на таа должност и покрај неговото назначување за в.д. директорот на американското национално разузнавање, потврдено е за Гласот на Америка од неговиот кабинет.
-Можеме да потврдиме дека амбасадорот Гренел ќе служи и како германски амбасадор и како специјален пратеник на американскиот претседател за мировните преговори на Србија и Косово и како в.д. директор на националната разузнавачка служба – истовремено, изјави портпарол на Ричард Гренел, Дик Кастин, за Гласот на Америка,.
Кастин прецизира дека Гренел ќе биде на функцијата в.д. директорот за националното разузнавање само привремено.
-Нагласувам дека амбасадорот Гренел одговори на барањето на претседателот Трамп да биде вршител на должноста директор на Националната разузнавачка служба на ограничено време. Белата куќа наскоро ќе ја објави својата номинација за функцијата директор на националните разузнавачки служби. Земајќи го тоа во предвид, амбасадорот Гренел ќе остане на функцијата амбасадор на САД во Германија и специјален претставник за Србија и Косово и 100 проценти е посветен на тоа, изјави Кастин.
Белата куќа претходно соопшти дека претседателот Доналд Трамп е уверен дека Ричард Гренел ќе ги извршува своите нови должности на најдобар можен начин.