Алијанса за Албанците и Алтернатива, утре официјално ќе го потпишат договор за коалиција за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Во соопштението на Алијанса за Албанците, се вели дека договорот за соработка ќе биде потпишан откако двете парти се согласиле заеднички да учествуваат во изборите што следат.
Свеченоста за потпишување ќе биде проследена со прес-конференција на која ќе се обратат Зијадин Села и Африм Гаши во Холидеј Ин. По потпишувањето, двајцата претседатели и другите членови на партијата ќе се сретнат со граѓаните во скопската чаршија.