Високиот комесар за бегалци при ООН, Филипо Гранди, денеска ја повика Грција, со поддршка од Европа, да реагира на „неодржливата ситуација“ во која се наоѓаат бегалците на грчките острови спроти Турција.
– Условите за живот на островите се шокантни и недостојни, рече Гранди, оценувајќи дека условите се влошиле од неговата последна посета во ноември.
Високиот комесар повика на европска солидарност и поделба на одговорноста, на тој начин што малолетниците без придружба и други ранливи групи мигранти и бегалци да се префрлат во други земји од Европската унија. Гранди, исто така, повика на побрза пшроцедура за повторно обединување на семејствата.
Во моментов, околу 36.000 луѓе се наоѓаат во преполните кампови на петте грчки острови. Овие кампови се предвидени да примат 6.200 луѓе.
– Многу луѓе живеат без електрична енергија, питка вода и среде нечистотија и ѓубре“ рече Гранди, додавајќи дека некои мигранти треба итно да бидат пренесени во други делови на Грција.