Илјадници акаунти на социјални медиуми поврзани со Русија, вршат координирани напори за ширење на аларм за новиот коронавирус, нарушувајќи ги глобалните напори за борба против епидемијата, велат американските власти.
Кампањата за дезинформација промовира неосновани теории на заговор дека САД стојат зад појавата на Ковд-19, во очигледен обид да му наштета на имиџот на САД ширум светот со искористување на здравствени проблеми.
Претставници на Стејт департментот, задолжени за борба против руски дезинформации, рекоа дека се користат лажни профили на Твитер, Фејсбук и Инстаграм за да ги шират неточни тврдења на повеќе јазици.
– Намерата на Русија е да сее раздор и да ги поткопа американските институции и сојузи одвнатре, вклучително и преку тајни и принудни кампањи, рече Филип Рикер, в.д. помошник државен секретар за Европа и Евроазија.
– Со ширење дезинформации за коронавирусот, руските малигни актери повторно избираат да ја загрозат јавната безбедност со тоа што ќе се одвлече вниманието од глобалниот здравствен одговор, рече тој.
Тврдењата што кружат во последните неколку недели вклучуваат наводи дека вирусот е обид на САД да „ водат економска војна против Кина, „дека тоа е биолошко оружје произведено од ЦИА или дел од напори предводени од Запад „за да се испратат антикинески пораки“.
Неколку илјади он-лајн акаунти – претходно идентификувани за испраќање пораки поддржани од Русија за големи настани, како што се војната во Сирија, протестите на „Жолтите елеци“ во Франција и масовните демонстрации во Чиле – објавуваат „речиси идентични“ пораки за новиот коронавирус, според до извештај подготвен за Глобалниот центар за ангажирање на Стејт департментот.